Собранието на Косово ќе го разгледа предлог законот за амнестија

Од:

Собранието на Косово денеска би требало да го разгледа предлог законот за амнестија кој произлезе од бриселскиот договор од 19-ти април помеѓу Белград и Приштина.

Заменик премиерот и министер за правда, Хајредин Кучи изјави дека на 4-ти јули на дневен ред на седницата на Собранието на Косово ќе се најде предлог законот за амнестија.

-Минатата недела обезбедивме согласност со лидерите на ДПК и ДСК и добивме поддршка од амбасадорите на државите на големата петорка, законот да се најде на дневен ред- изјави Кучи.

Претседателот на владата на Србија, Ивица Дачиќ, вчера истакна дека законот за амнестија е важен за Србите на Косово и Метохија.

–Тоа значи дека на КиМ ќе биде прогласена амнестија за многу кривични дела на кои би можеле да им подлегнат Србите и сите оние кои не ја признаваат независноста на КиМ – изјави Дачиќ.

Тој истакна дека усвојувањето на законот има голема важност и за вработување на Србите во одредени институции како што се полицијата и правосудството.

Предлог законот за чие усвојување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието на Косово, предвидува сите извршители на кривични дела на територијата на Косово кои се набројани и извршени до 20 јуни 2013 година во потполност да се ослободат од кривично гонење или извршување на пресудата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот