Собрани 400.000 потписи за референдум во Хрватска

Од:

Хрватската граѓанска организација „Референдумско востание“ денеска соопшти дека за само девет дена успеала да собере повеќе од 400.000 потписи на граѓаните на Хрватска за четирите референдумски прашања што таа ги иницира.

Според организацијата, за секое од четирите прашања за кои се предлага референдумско изјаснување – за влез на Хрватска во ЕУ, за забрана на продажба на генетски модифицирани организми, за поништување на претходно спроведените приватизации и за „забрана на распродажбата на просторот, ресурсите и државиот имот“ – се собрани по над 100.000 потписи.

Собирањето потписи започна на 13 февруари на над 120 локации во 52 града ширум Хрватска.

Претседателот на „Референдумско востание“, Зоран Михајловиќ ги повика граѓаните да ја поддржат иницијативата на неговото здружение и „ги замоли“ државните служби да им излезат во пресрет и да не им прават проблеми на активистите при собирањето на потписи.

– Оваа акција е значајна за консолидација на хрватското општество… Сметаме дака тоа е нормален демократски процес и ако политичарите сметаат дека Унијата е добра опција не гледаме проблем за распишување референдум на кој граѓаните уште еднаш ќе кажат што мислат. Но, нашите искуства на теренот се дијаметрално спротивни во однос на тоа што го тврди официјалната хрватска политика, нагласи Михаловиќ.

Тој најави дека и покрај опструкциите, неговото здружение ќе продолжи со собирањето на потписи до крајот на траењето на оваа граѓанска иницијатива – 27 февруари.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик