Со косовски пасош во Русија само ако се учествува на меѓународен настан

Од:

Руската амбасада во Белград денеска соопшти дека со косовски пасош може да се влезе во Русија само во случај во Русија да се одржува меѓународен настан на меѓународни организации во кои членува Косово.

„Русија, како и низа други земји што не ја признаа независноста на Косово, издаваат визи во облик на специјален формулар што се вметнува во косовските пасоши, а печат за преминување на руската граница не се става во пасошите“, се наведува во соопштението.

Руската амбасада додава дека руската практика е во согласност со српската практика на третирање косовски документи и оти е воведена со знаење на српските власти.

Амбасадата наведува дека не е променет ставот на Русија за Косово, кој се темели на меѓународното право и на резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски