Снежната бура „Барбара“ создаде проблеми во Атина

Од:

Снежната бура под името „Барбара“ што од саботата ја зафати Грција, со силен ветер и снег, создаде проблеми во повеќе делови на земјата меѓу кои и Атина.

Според грчките медиуми, со одлука на надлежните власти денеска во Атина се затворени градинките, основните и средните училишта, јавната администрација работи од дома, продавниците во северниот дел на градот се затворени, а преку бројот 112 за итни случаи била упатена препорака до граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Проблеми имало и на автопатот кон Солун, што неколку пати бил затворан и повторно отворен, додека пак поради силниот ветер, постои забрана за пловидба од сите атински пристаништа.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески