Снегот завеа поголем дел од Хрватска

Од:

Ново снежно невреме синоќа и утрово ги зафати западните и централните делови на Хрватска, па снег падна и на крајбрежјето и на островите.

Во Риека паднаа 17 сантиметри снег, што значително го отежна одвивањето на сообраќајот, додека во Загреб се измерени 25 сантиметри снег.

На повеќето патни правци прогласени се зимски услови, односно забранет е сообраќај за камиони со приколки и шлепери со полуприколки, додека останатите возила мора да поседуваат зимска опрема.

Поради снегот, автобусите од Далмација кон Загреб доцнат околу 90 минути, додека железничкиот сообраќај се одвива без потешкотии.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик