Словенката Братушек единствено одбиена од ЕП за нов еврокомесар

Од:

Поранешната премиерка на Словенија, Аленка Братушек е единствена од 27-те кандидати за идни еврокомесари на новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, која со големо мнозинство беше одбиена од Комитетите во Европскиот парламент што ја сослушуваа за местото потпретседател на Еврокомисијата задолжена за енергетикаа.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, 44-годишната Братушек во понеделникот имаше катастрофално претставување пред неколкуте комитети на ЕП задолжени за ресорот за кој беше предложена, што резултираше со дури 112 гласа „против“, 13 „за“ и двајца „воздржани“.

Поради оваа ситуација, Јункер побарал од новиот словенечки премиер Миро Церар, во најкус рок да му предложи нов кандидат за еврокомесар, кој во меѓувреме би ја добил истата позиција во Колеџот на комесари предвидена за Братушек.

Иако досегашниот еврокомесар од Словенија, Јанез Поточник, важи за можен нов кандидат на Словенците, наследникот на Жозе Мануел Барозо наводно побарал тоа да биде жена, со оглед на тоа што сака да ја задржи бројката од девет жени во новиот комесарски состав, колку што во моментов има во тимот на Барозо.

Доколку треба да испрати жена-кандидат, словенечките медиуми најавуваат дека тоа може да бидат двете европратенички од Словенија, Тања Фајон и Романа Јордан, па Јункер да избере која да ја испрати пред комитетите на Европарламентот. Но, во тој случај, можно е Словенија да го загуби потпретседателското место во Еврокомисијата, бидејќи Јункер за овие места предложи само поранешни премиери, што беше случај и со Братушек. Во овој контекст, местото заменик-претседател на ЕК би останало за Словенците само ако Поточник биде кандидат за еврокомесар.

Што се однесува, пак, до останатите кандидати за идни членови на Колеџот на комесари на Европската унија, ЕП ги ослободи сите т.н. „заложници“, со оглед на тоа што по завршувањето на сослушувањата во текот на вчерашниот ден зелено светло добија Џонатан Хил (В. Бритнаија), Пјер Московиси (Франција), Корина Крецу (Романија), Вера Јурова (Чешка) и Мигел Аријас Кањете (Шпанија).

Кандидатот на Унгарија, Тибор Наврачич, исто така, доби одобрение од европскиот законодавен дом да биде иден еврокомесар, но од Јункер се бара да му го промени ресорот, кој првично му беше одреден за образование, култура, млади и граѓанство.

Доколку не сака ништо да не менува, Јункер има можност да ги задржи истите кандидати и со нив да оди на гласање на пленарната сесија на Европарламентот, закажана за 22-ри овој месец во Стразбур. Потребна му е поддршка од мнозинството од 751 европратеник, што доколку зад себе ги има водечките Европски народни партии (ЕПП) и Социјалистите и дмеократите (СиД), тогаш ќе му биде доволно за да пројде целиот Колеџ на комесари.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница