Словенија во спорот со Хрватска го барала целиот Пирански Залив

Од:

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец откри дека Словенија на арбитражата за границата со Хрватска во Хаг, го барала целиот Пирански Залив и изрази уверување дека успеал да ги убеди арбитрите во аргументите кои Љубљана ги изнела во граничниот спор.

Тој истакна дека словенечките аргументи се правно многу убедливи и се потпираат на примерите од други земји кои биле во слични ситуации како Словенија, кога е во прашање пристап до отворено море.

– Одевме на максималистички барања, а што ќе биде ќе видиме, нагласи Ерјавец во врска со можното решение, за кое ќе одлучи арбитражниот суд.

Изразувајќи задоволство од начинот на кој Словенија ги презентирала аргументите пред Судот, тој додаде дека почувствувал оти веднаш потоа кај хрватската страна „се појавила загриженост“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски