Словенија: Ќе враќаме економски мигранти

Од:

Словенија денеска соопшти дека ќе почне да враќа економски мигранти кои доаѓаат преку соседна Хрватска откако УНХЦР објавија дека и други балкански држави почнале со ограничување на бранот мигранти дозволувајќи само минување на Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Полицијата соопшти дека ќе се пуштаат само мигранти од држави каде има оружени конфликти.

– Официјално ја известивме Хрватска дека ќе враќаме групи економски мигранти. Се уште не сме добиле одговор од хрватска страна, изјави Драго Менегалија портпарол на полицијата.

Претходно УНХЦР соопшти дека Србија и Македонија ограничиле проток на мигранти дозволувајќи минување само на Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија