Словенија ќе и предаде на ЕК писмо за тужбата против Хрватска

Од:

Словенија денеска би требало да и предаде писмо на Европската комисија со предлог за покренување тужба против Хрватска поради непочитување на арбитражната одлука за границата.

Со предавање на писмото формално почнува рокот од три месеци во кој Комисијата би требало да се изјасни дали сама ќе го преземе случајот.

Словенечката Влада во средата, на последната редовна седница пред оставката на премиерот Миро Церар, ја прифати содржината на писмото и се обврза на покренување тужба против Хрватска пред Европскиот суд ако тоа не го направи Европската комисија и ако Хрватска и натаму го одлага спроведувањето на арбитражната одлука.

Содржината на писмото, кое според неофицијални информации, словенечките дипломати денеска треба да и го предадат на Европската комисија, засега не се открива.

Според досега познати информации, писмото содржи описи на конкретни примери за кршење на европското право, поради хрватското непризнавање на арбитражната одлука за разграничување на двете држави, а со тоа во него се наоѓаат и сите елементи од тужбата.

Според неофицијални информации, во писмото има повеќе од сто страници материјал.

Се наведува дека, откако ќе го прими писмото, Европската комисија ќе има три месеци за одговор и одлука за тоа дали ќе покрене постапка против Хрватска и ќе го преземе овој случај во свои раце.

Ако тоа не се случи, Словенија сама ќе продолжи со покренување тужба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски