Словенeчкиот министер за економија поднесе оставка еден месец по стапувањето на должноста

Од:

Словенечкиот министер за економија Јожеф Петрович вчера поднесе оставка само еден месец по стапувањето на должноста, откако локалните медиуми информираа дека некогаш работел во компанија што е обвинета за махинации со цените при договори со државата, пренесоа британските медиуми.

– Се повлекувам за да и дадам можност на Владата спокојно да работи во овие тешки времиња, рече Петрович пред новинарите.

Тој демантираше дека учествувал во некакви злоупотреби.

Петрович работел за фирма „ДЗС“, која, според медиумите, е осомничена за злоупотреби при продажба на канцеларски материјали за Владата од 2007 до 2012 година.

Компанијата се уште не ги коментираше обвиненијата.

Петрович е првиот министер од левоцентристичката Влада на Миро Церар, формирана по предвремените избори во јули, кој си поднесува оставка.

-Оваа оставка нема да ја наруши стабилноста на Владата, но е тешко да претпоставам дека ќе може да го истера целиот свој четиригодишен мандат со сите предизвици пред кои е исправена, прокоментира политичкиот аналитичар Мета Роглич за словенечкиот весник „Дневник“.

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски