Сите хулигани остануваат во грчки затвор: Обвинети се за четири кривични дела меѓу кои и убиство

Од:

Обвинение е покренато против вкупно 104 хулигани кои учествуваа во нередите во Атина во понеделникот вечерта кога беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК. Порталот NewsIT јавува дека обвинението ги товари за четири кривични дела и седум прекршочни пријави.

Кривичните дела за кои се товарат уапсените хулигани се: убиство од небрежност, приклучување кон криминална организација, поседување експлозивни направи и
предизвикувајќи експлозија.

Прекршочна пријава е поднесена поради: нарушување на јавниот ред и мир, обид за нанесување телесни повреди, нелегално носење оружје, употреба на оружје, поседување факели, оштетување на туѓ имот и за насилство.

Грците медиуми пишуваат и дека кривичното гонење не било персонализирано од надлежните органи и дека обвинетите биле приведени од редовните истражители.

Во меѓувреме, надлежните органи ги прегледуваат сите одземени мобилни телефони на сите уапсени, а воедно се вештачат и генетски материјали и снимки со цел да се идентификува сторителот на убиството на 29-годишниот Михалис Кацурис.

Засега не е идентификувано оружјето на убиецот, но се пронајдени и други ножеви кои исто така се истражуваат.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Четворица Американци се истепале во Кисела Вода, нападнале и полицајци

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос