Симболите на Косово нема да бидат отстранети од гласачките ливчиња

Од:

Британскиот амбасадор во Приштина, Јан Клиф изјави дека државните симболи на Република Косово нема да бидат отстранети од гласачките ливчиња за парламентарните избори, а нивниот евентуален бојкотот може само да им наштети на Србите.

Клиф во интервју за приштинскиот весник „Зери“ истакна дека парламентарните избори се разликуваат од локалните, кои се одржаа во 2013 година.

– Ако на гласачките ливчиња за локалните избори беше направена отстапка, тоа се случи бидејќи овие избори беа резултат на Бриселскиот договор. Во случајот со парламентарните избори, тие не се дел од дијалогот и симболите нема да бидат отстранети. Затоа Србите треба да се откажат од ваквото барање, нагласи Клиф.

Британскиот амбасадор додаде дека пред три години не можело да се замисли дека членови на српската полиција ќе се интегрираат во полицијата на Косово, ниту некој можел да помисли дека ќе биде постигнат договор за заедничко управување на граничните премини.

– Секако дека има напредок, иако постојат многу проблеми со имплементирањето на голем број договори. Едно од прашањата, кои не се остварени, е Заедницата на српските општини, што претставува клуч за политичкиот дијалог, но верувам дека по изборите и тоа ќе биде решено, изјави Клиф.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски