Силно невреме ја погоди Истра

Од:

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер попладнево го погоди западниот дел на храватскиот полуостров Истра.

Како што јавија хрватските медиуми, од невремето најтешко е погоден реонот околу градот Пореч, каде наврнале речиси 80 милиметри дожд на метар квадратен.

Улиците во градот биле прекриени со вода, а поплавени се приземните и подрумските простории на повеќе деловни и станбени објекти.

Претставник на регионалната противпожарна служба соопшти дека пожарникарите интервенирале на околу 30 повици поради поплави во семејни куќи, подруми и деловни простории.

Порталот Индекс пренесува изјави на жители на Пореч, кои велат дека дождот буквално ги поплавил улиците во стартиот дел на градот.

Многу граѓани останале заглавени во своите возила, бидејќи неможеле да се движат по полавените улици.

Надојдената вода навлегла и во машинскиот дел на аквапаркот во местото Зелена лагуна, поради што објектот е затворен, а сите настани предвидени за вечерва се откажани.  

Метеоролозите предвидуваат дека нестабилно време ќе продолжи и во наредни часови, додавајќи дека главниот ударен бран на дожд допрва доаѓа.

Поради ваквите најави локалните власти апелираа до граѓаните да ги остранат своите возила од критичните локации и да ги тргант вредните предмети од просториите кои би можеле да бидат поплавени.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари