Силни безбедносни мерки за утрешната посета на Меркел на Тирана

Од:

Албанската полиција попладнево ги објави мерките кои ги презема за гарантирањето на редот и безбедноста за утрешната посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.

За безбедноста на Меркел се преземени идентични мерки како и за посетата на Папата Франциско на 22 септември лани, како и на српскиот премиер Александар Вучиќ на 27 и 28 мај годинава.

Тоа значи дека за беазбедноста ќе се грижат над 1.500 полициски службени од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола беше надлетувана со полициски хеликоптери.Ќе биде заpрен сообраќајот низ неколку улици како и паркирање возила на многу улици низ градот.

Меркел и нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама ќе имаат заедничка прес конференција. И двајцата ќе се обратат на германско албанскиот економски форум, што почнува во 12 часот. Канцеларката Меркел ќе има одвоена средба и со шефот на албанската држава,Бујар Нишани.

Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети канцеларот Герхард Шредел, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Сојузна Република Германија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски