Силна експлозија во термоцентрала кај Приштина, има жртви

Од:

Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 10 се повредени во силната експлозија која денеска избувна во термоелектраната „Косово А“ во Обилиќ, во близина на Приштина, јавија локалните медиуми.

Според Б92, полициски извори потврдиле дека има жртви и повредени во експлозијата.

Екипи пристигнале на местото на несреќата, и неофицијално се дознава дека има најмалку тројца загинати. Приштинскиот весник „Експрес“ пишува дека 11 лица се повредени и пренесени во болницата во Приштина.

Моментно се прават напори за спречување на евентуална нова експлозија.

До експлозијата, која била почувствувана и во Приштина, дошло во производствениот дел на термоелектраната, а причина за несреќата најверојатно е водородот.

Директорот за производство во енергетската компанија КЕК, Арбен Ѓука изјавил за „Експрес“ дека експлозијата била премногу силна.

– Се уште не знаеме колку лица се повредени и дали има загинати. Полицијата е тука и врши истрага, истакна Ѓука.

Во инцидентот причинета им е материјална штета на луѓето кои живеат во близина на термоцентралата.

Пристапот до „Косово А“ е блокиран, а пристап имаат само итните служби.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски