Шведскиот министер за мигарција бара враќање на визниот режим за земјите од Западен Балкан

Од:

Шведскиот министер за миграција и политика на азил, Тобиас Билстром побара повторно воведување на визи за граѓаните од земјите од Западен Балкан при патување во државите-членка на ЕУ.

Билстром веќе ги информирал своите колеги од членките на ЕУ дека се залага за повторно воведување на визен режим за „Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, бидејќи е неприфатливо илјадници лица од овие земји да бараат азил во Швеска“, наведува шведскиот весник „Сидсвенскан“.

– Тие ги невадуват сиромаштијата и неможноста за вработување како причини поради кои дошле. Тоа никогаш не било основа за одобрување азил, наведува шведскиот министер.

Билстром воедно најави и дека шведската Влада наскоро ќе ја заостри политиката кон азилантите, со цел таа да стане „поправедна и покоректна“. Меѓу новите мерки што се предлагаат е и онаа лицата кои бараат азил да мораат да најдат работа во Шведска, пред да можат во земјата да го доведат и своето семејство.

– Шведска троши огромно количество пари за лицата кои веќе добиле нагативни одговори на нивните барања за азил, но и натаму се наоѓаат во земјата, истакнува Билстром.

„Сидсвенскан“ наведува дека властите очекуваат оваа година азил во Шведска да побараат околу 54.000 лица, меѓу кои меѓу 15 и 20 илјади од Сирија. Според весникот, во моментов главен проблем за Шведска е тоа што нема доволно станбен простор за смесување на сите лица кои бараат азил.

Поради сето ова, Билстром смета дека и останатите земји од ЕУ би требало посериозно да го разгледаат проблемот со зголемениот прилив на бегалци од Сирија.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Австрија изложена на критики поради издавање визи на руски пратеници кои се под санкции на ЕУ

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска