Шумскиот пожар кај Атина ставен под контрола

Од:

Големиот шумски пожар што избувна вчера во реонот меѓу Маркопулос и Порто Рафти, на околу 20 километри источно од Атина, во текот на претпладнево е локализиран и ставен под контрола.

Како што соопши грчката противпожарна служба, нема опасност од натамошно ширење на огнот, кој се закануваше да зафати повеќе куќи во околните села.

Во гаснењето на пожарот, кој зафати дабова и борова шума, учествуваа четири авиони, два хеликоптери, 30-тина противпожарни возила и околу 150 пожарникари.

Причините за пожарот засега не се познати. Поведена е истрага за случајот, а како што јави АНА-МПА, не се исклучува можноста огнот да бил намерно подметнат.

Full article

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески