Штрајк на осуденици во затвор во Црна Гора

Од:

 Затворениците од Kазнено-поправниот дом во црногорското место Спуж денеска започнуваат штрајк со глад, поради лошите услови во затворот и поради тоа што никој од надлежните не реагирал во врска со иницијативата за донесување закон за амнестија на осудените лица, покрената пред повеќе од половина година.

Затворениците најавија дека од своите ќелии ќе ја исфрлат целата храна, а како главни причини за штрајкот ги наведоа пренатрупаноста во затворот, неадвекатната медицинска заштита, лошата исхрана, како и слабото функционирање на Законот за условна слобода.

Тие потсетија дека иницијативата за донесување на закон за амнестија ја поддржале 20 илјади граѓани.

Црногорското Министерство за правда соопшти дека Владата „на некоја од следните седници“ ќе ја разгледа иницијативата и ќе донесе одлука по неа.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора