Шпинделегер: Есенва, Косово ќе стане целосно суверена земја

Од:

„Косово сега е доволно зрело за да стои на свои нозе и да ја преземе полната одговорност за иднината на сите свои граѓани. Есенва Косово, ќе стане целосно суверена земја“, изјави, австрискиот министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер.

Ова, според него е знак на довербата која му се дава на Косово.

-Косово сега влегува во нова фаза на сопствена одговорност и приближување кон Европа, посочи Шпинделегер.

„Продолженото присуство на меѓународните војници останува неопходно заради ситуацијата во северно Косово, која не е наполно решена“, изјави Шпинделегер.

Владата во Приштина не го контролира немирниот север на Косово, каде Србите се мнозинство.

 

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски