„Шпигел“: ЕУ ја засилува контролата на северната граница на Грција

Од:

Европската гранична агенција Фронтекс планира да ја засили контролата на границите на Грција кон Албанија и Македонија, поради стравување од евентално пропаѓање на договорот меѓу ЕУ и Турција за запирање на мигрантскиот прилив, тврди германскиот магазин „Шпигел“.

Според весникот, во рамките на овој план Фронтекс во текот на јануари и февруари ќе ја засили граничната контрола со испраќање на уште 60 свои припадници, кои ќе бидат распоредени долж границите на Грција со Македонија и Албанија.

Ова е прво зајакнување на силите на Фронтекс на овие две граници од почетокот на мисијата на европските гранични полицајци, што според експертите, е показател за зголемените стравувања во Брисел дека Анкара би можела да го анулира договорот со ЕУ за запирање на мигрантите, што евентално би создало нов бегалски бран од неколку десетици илјади лица, кои би се обиделе да стигнат до Западна Европа по т.н. балкансак мигратнска рута.

Според „Шпигел“, новите припадници на Фронтекс ќе се вклучат во пасошките контроли на граничните премини, но и во патролирање долж граничната линија, со цел да се спречи илегален премин на мигранти од Грција кон двете соседни земји.

Уште минатата недела тим на претставници на Фронтекс и на грчката полиција биле во инспекција на пограничните реони, наведива „Шпигел“, додавајќи дека со планот се предвидува и отворање на уште два оперативни центри на европската гранична агенција – во Кукуш и во Евзони на грчко-македонската граница.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески