Схинас: Грција е дел од семејството на ЕУ и ги споделува истите вредности

Од:

Грција е дел од „семејството“ на Европската унија и ја споделува позицијата на Унијата во однос на економските санкции, наметнати врз Русија заради нејзината улога во Украина, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, кој се обиде да ја елиминира загриженоста во врска со денешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва, пренесе ДПА.

– Сите членки на семејството сигурно не патуваат до едни и исти места, но сите тие се членки на семејството и имаат една и иста гледна точка за светот, забележа Схинас.

За прашањето на санкциите Схинас изјави дека „засега сите ние сме единствени“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска пристигна во дводневна посета на Русија.

На одгласите за грчките напори за подобрување на својата финансиска состојба се очекува Алексис Ципрас да побара од рускиот претседател Владимир Путин да ги олесни ограничувањата врз извозот на земјоделски производи, забележува ДПА.

Москва минатата година наметна забрана за увоз на земјоделски производи од ЕУ откако унијата воведе економски санкции против Русија заради нејзината улога во украинсиата криза.

Европската комисија, меѓутоа, уште претходно оваа недела ја предупреди Атина да не договара одделна спогодба со Москва, подвлекувајќи дека ЕУ треба да остане единствена по ова прашање.

Рускиот министер за економски развој Алексеј Улукаев денеска изјави дека Русија може да го олабави ембаргото врз увозот на храна од Грција и прецизира дека оваа тема ќе биде разгледана утре, кога Ципрас ќе се сретне со рускиот премиер Дмитриј Медведев, сооошти ДПА.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески