Шефот на турската дипломатија ја оцени изјавата на папата како „неприфатлива“

Од:

Изјавата на папата Франциско, кои се далеку од историската вистина и законот, се неприфатливи, напиша на Твитер турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска, по повод одбележувањето на 100-годишнината од ерменскиот масакр во Османлиската империја, во својот говор го употреби зборот „геноцид“, што според медиумите може сериозно да ги наруши дипломатските односи меѓу Ватикан и Турција.

– Во текот на минатиот век, човечкиот род доживеа три огромни трагедии без преседан. Првата, која повеќето ја сметаат за „прв геноцид на 20. век“, го погоди ерменскиот народ, истакна папата за време на мисата во катедралата „Свети Петар“, цитирајќи го соопштението од 2000 година, потпишано од папата Јован Павле Втори и ерменскиот патријарх.

Турското Министерство за надворешни работ испрати протестно писмо до амбасадорот на Ватикан во Анкара поради изјавата на папата Франциско. По средбата, турските власти изразија „длабоко жалење и разочарување“ од зборовите на папата.

– Верски претставници не треба да даваат вакви неосновани изјави, кои можат да предизвикаат непријателство, нагласи Чавушоглу.

Голем број историчари го сметаат убиството на милиони ерменци во Османлиската империја како „прв геноцид на 20. век“, но официјална Анкара категорично ги отфрла ваквите обвинувања.

Ерменскиот геноцид е признат од 20-тина земји, меѓу кои Франција, Швајцарија, Русија, Канада, но и од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски