Шефот на ерменската дипломатија ќе присуствува на инаугурацијата на Ердоган

Од:

Ерменскиот министер за надворешни работи Едвард Налбандјан ќе присуствува на церемонијата на положување заклетва на новоизбраниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган на 28 август, изјави портпаролот на ерменското МНР, Тигран Балајан.

Според медиумите, Налбандјан ќе го искористи овој настан за да дознае дали Ердоган ќе ја прифати поканата за учество следната година во Ереван на одбележувањето на 100-годишнината од убиството на Ерменци во Османската империја, кое Ерменија и други земји го сметаат за „геноцид“.

Според Ерменија во периодот меѓу 1915 и 1917 година биле убиени 1,5 милиони Ерменци, а Турција тврди дека жртвите се меѓу 250.000 и 500.000 и категорично ја отфрла тезата за геноцид.

Ерменскиот претседател Серж Саркисјан го поздрави изборот на Ердоган и изрази надеж дека новиот претседател ќе придонесе за воспоставување меѓусебни односи меѓу двете земји без условувања.

Над 20 државни и владини лидери потврдија дека ќе присуствуваат на инаугурацијата на Ердоган.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски