Серија протести во Романија

Од:

Неколку илјади Романци повторно протестираа во Букурешт, Темишвар, Клуж и во други градови револтирани против канадскиот проект за рудникот за злато во селото Рошија Монтана. Демонстрантите бараа оставка од Владата која го фаворизира проектот.

Канадската компанија Гејбриел Рисорсис има планови да разработи крај романското село Рошија Монтана најголем златен рудник во Европа. Компанијата предвидува 300 тони злато и 1.600 тони сребро и ветува 900 работни места за време на експлоатацискиот период од 16 години. Според научници и археолози, проектот би предизвикал уништување на четири планини околу селото.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија