Сенаторот Јулијан Урбан формира партија на разочараните во Романија

Од:

Во Романија почна формирање на новата политичка партија – Партија на разочараните.

Основач е сенаторот Јулијан Урбан кој преку социјални мрежи упатил апел за членство во идната политичка формација која според него, ќе може да стави крај на лошата состојба во државата.

– Романските избирачи беа измамени, искористени и потоа игнорирани и тоа е основниот проблем на нашата политика.

Државата има потреба од еден милион луѓе кои ќе се соберат и Партијата на разочараните е првиот чекор за да биде променета таа состојба, вели Урбан.

Додава дека запишувањето нови членови во партијата се врши преку социјалните мрежи.

Според анкети од крајот на минатата година, околу 53 отсто од анкетираните сакаат враќање кон социјализмот, според 64 отсто курсот за евроинтеграција на романските власти е неправилен, а 27 отсто наведуваат дека државата наскоро може да ја напушти ЕУ.

Осумдесет отсто од анкетираните не ја одобруваат политиката на романскиот претседател Трајан Басеску.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет