Секој четврти Бугарин нема пари за одмор

Од:

Труд – Софија

Секој четврти Бугарин нема пари за на летување, а секој трети ќе остане дома за време на летните одмори. Ова го открива истражување на Провидент фајненшел Бугарија и ГФК, спроведено во април 2016 година за финансиските навики на луѓето.

Беа анкетирани 9.220 лица во седум европски држави – Бугарија, Романија, Унгарија, Чешка, Полска, Словачка и Латвија, како и во Мексико, од кои 532 беа Бугари.

Истражувањето покажа дека 36 проценти од Бугарите не се сигурни како ќе си го финансираат одморот, 25 проценти од нив немаат пари за патувања, 23 проценти ќе си ги искористат заштедите за летен одмор, 14 проценти размислуваат да земат кредит од финансиски институции, и само два проценти се колебаат дали да земат заем од семејството или од пријатели.

Триесет и пет отсто од анкетираните одговориле дека ќе одмораат во земјата, 31 проценти ќе си останат дома и нема да патуваат за време на летниот одмор, 25 проценти се уште не си го планирале одморот, а речиси девет проценти ќе одмораат во странство.

Истражувањето покажа уште дека 62 проценти од Бугарите имаат доверба во компании за брзи кредити, што е два пати повеќе од просекот во Европа.

Секој трети Бугарин би ги потрошил добиените пари од брз кредит за здравјето. Во споредба со Европа, процентот е помалку од девет отсто. Дваесет и седум проценти од анкетираните рекле дека ќе ги искористат заемите за образование, а во Европа истото го потврдиле само пет проценти од испитаниците.

Дури 45 проценти од Бугарите земаат брз кредит за реновирање на домот, а 37 проценти за неочекувани расходи. Најнизок е процентот на оние кои сакаат да земат кредит за расходи во домаќинството.

Шеесет и девет проценти од испитаните Бугари немаат заштедено пари, а една четвртина стравуваат од потенцијалната загуба на својата работа.

Речиси 42 проценти од Бугарите позајмуваат од компании за брзи кредити секоја година, 27 проценти земаат на секои шест месеци, а 15 проценти од 7 до 15 месеци. И покрај тоа, над половината Бугари се позитивно настроени за сопствените финансии за следната година.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори