Седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово

Од:

Во Њујорк доцна попладнево започна заседанието на Советот за безбедност на ОН посветено на Косово, на кое ќе биде разгледан редовниот извештај на генералниот секретар на Светската организација, Бан Ки-мун за ситуацијата во Косово

На седницата присуствуваат и премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи, кои се обратија пред Советот.

Српскиот премиер во своето обраќање истакна дека Белград е целосно приврзан кон дијалогот со Приштина и постигнување траен мир меѓу Србите и Албанците, укажувајќи дека „помирувањето подразбира носење тешки одлуки за двете страни“.

– За видлив напредок потребна е политичка храброст и подготвеност за компромис. Србија е подготвена компромисот да успее, но не е подготвена на понижување и уцени, изјави Дачиќ, додавајќи дека неговата земја нема да го смени принципиелниот став за непризнавање на независноста на Косово.

Тој се заложи за поголема активност на УНМИК, зголемување на нивото на присуство на ЕУЛЕКС, но и поефикасна соработка меѓу УНМИК и Мисијата на ЕУ. Според него, УНМИК е „единственото легитимно меѓународно тело во кое народот во северниот дел на Косово се уште има доверба“.

Премиерот на Косово во својот говор изјави дека од Белград ќе бара „компензација за воена штета“.

Тој го повика Белград „да ги расформира паралелните структури од Северно Косово“, нагласувајќи дека „Косово е суверена држава“ и тој процес е „неповратен“.

Тачи порача дека Косово „нема да биде место на поделби и барикади и создавање нова Република Српска“. Според него, „улогата на Србија е деструктивна“ и ја отежнува безбедносната ситуација.

Шефот на УНМИК Фарид Зариф ги оцени како „историски“ средбите на високите претставници на Белград и Приштина, изразувајќи надеж дека двете страни ќе истраат во настојувањето да постигнат компромис.

На седницата на СБ на ОН тој истакна дека во дијалогот меѓу Србија и Косово е постигнат голем напредок, но дека ситуацијата на теренот останува кревка.

Зариф смета дека сите меѓународни органи мораат да вложат поголеми напори, со цел разговорите да го остварат својот целосен потенцијал.

Во редовниот тримесечен извештај за Косово, Бан Ки-мун нагласува дека е постигнат значителен напредок со придвижувањето на преговорите меѓу Белград и Приштина на повисоко политичко ниво. Тој ги повикува косовските власти да реагираат решително на појавите на нетрпеливост кон Србите.

Генералниот секретар на ОН потенцира дека иако се уште има нерешени тешки прашања, обновувањето на разговорите е јак сигнал дека двете страни се подготвени за мировен дијалог и надминување на проблемите.

МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски