Се зголемува бројот на имигранти кои пристигнуваат во Грција

Од:

Вкупно 4.363 потенцијални имигранти биле запрени од крајбрежната стража и полицијата во Грција во првите четири месеци од оваа година. Тоа е за 142 луѓе повеќе отколку во истиот период лани, објави весникот „Катимерини“.

Според извори од крајбрежната стража, голем број потенцијални имигранти чекаат на брегот на соседна Турција за да се качат на чамци и мали бродови и да заминат кон Грција или Италија.

Според изворите, секој имигрант плаќа меѓу 1.500 и 4.500 евра на трговците со луѓе.

Крајбрежната стража побара помош од армијата и од военопоморските сили за да ги зголеми напорите за следење на бродовите и чамците со кои се врши трговијата со имигранти.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески