Се влошува здравствената состојба на косовскиот српски лидер Оливер Ивановиќ

Од:

Се влошува здравствената состојба на косовскиот српски лидер, претседателот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, кој веќе шести ден штрајкува со глад во притворот во Косовска Митровица, информира српскиот весник „Блиц“.

Информацијата ја соопшти заменик претседателката на неговата партија, Ксенија Божовиќ.

Ивановиќ е многу ослабен за време на штрајкот, што го почна за да издејствува одлука за негово ослободување од притвор.

-Неговата здравствена состојба се влошува со секој нареден ден, а сега можеме да кажеме и со секој нареден час, рече Ксенија Божовиќ.

Директорот на српската владина служба за Косово, Марко Ѓуриќ, вчера испратил писма до мисиите на ОН и ЕУ во Косово, УНМИК и ЕУЛЕКС, во кои од нив побарал да се ангажираат за Ивановиќ да може да се брани од слобода.

Митинзи за поддршка на Ивановиќ деновиве се одржаа во Косовска Митровица, Приштина и Нови Сад.

Ивановиќ штрајкот со глад го почна откако судскиот совет на ЕУЛЕКС му го продолжи притворот до 6 октомври. Ток е во притвор од 27 јануари минатата година под обвинение за извршени воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски