Српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби, а за тоа јавноста ја извести нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.
Кика Ѓукиќ беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј канал на Јутјуб „К1КА“ во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади претплатници.
„Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша нејзината мајка на Инстаграм.
Последното видео на инфлуенсерката е објавено на Јутјуб пред само неколку денови.
Иако уживаше голема популарност меѓу помладите корисници на Јутјуб и социјалните мрежи, пошироката јавност ја запозна Кристина Ѓукиќ за време на таканаречената „драма“ меѓу неа и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.
Тој пред две години имаше објавено серија од видеа на неговиот Јутјуб канал кои беа посветени на навредување на инфлуенсерката. Во едно од неговите видеа тој ја навредува затоа што носела перика и според него ја лажирала својата болест.