Српскиот јутјубер Бака Прасе приведен поради смртта на инфлуенсерката

Од:

По налог на српското Обвинителство, Богдан Илиќ познат како Бака Прасе е приведен во полиција.

Тој е доведен таму да даде изјава за сите познати околности во врска со смртта на инфлуенсерката Кристина Ѓукиќ, која на социјалните мрежи го користеше прекарот „Кика“.

Специјалното обвинителство упати барање за прибирање на потребните информации до српското МВР за други околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со наведениот трагичен настан.

Младата девојка која се самоуби, долго била мета на сајбер булинг, откако Бака Прасе пред две години објави серија видеа во кои ја навредуваше.

Тој по нејзината смрт објави дека жали за настанот и дека поради почит кон починатата инфлуенсерка ќе ги отстрани видеата од неговиот Јутјуб канал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

А1он

Починатата српска инфлуенсерка и понатаму мета на злоставување

Ана Ололовска

По четири часа Бака Прасе маскиран излезе од полициска станица

А1он

Се самоуби српската инфлуенсерка која пред две години беше мета на понижувања од Бака Прасе

А1он

Јутјуберот Бака Прасе доби кривична пријава за обљуба на малолетничка

Жарко Настоски