Починатата српска инфлуенсерка и понатаму мета на злоставување

Од:

Хрватскиот инфлуенсер Антонио Ороз, кој објавува снимки на Тикток на профилот наречен „Pritisak na tlak”, објави скандалозни видеа по смртта на Кристина Кикa Ѓукиќ.

– Смртта на инфлуенсерката и тиктокер Кика ми го разбуди истото чувство како кога почина Коби Брајант. Онака, ме боли к… – низ смеа рече, а по бројните осуди во коментарите, го избриша тоа видео и веднаш објави ново, ништо помалку срамно и бездушно:

– Во ред, моето претходно видео беше непримерна шега за прераната смрт на инфлуенсерката Кика. Го сфатив тоа и веднаш и испратив извинување во инбокс, но девојката ме игнорираше.

Според информациите на српските медиуми вчера била извршена обдукцијата на Кристина Кика Ѓукиќ, a времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Претходно беше објавено дека во просторијата во која Кика се самоубила биле пронајдени одредени супстанци и како што пренесуваат медиумите во Србија од извори блиски до починатата девојка, токму оваа комбинација била кобна за неа.

Кристина беше српски гејмер, јутјубер и инфлуенсер. Родена е на 25 јули 2000 година во Белград. Во март 2015 година, таа го лансираше својот канал на YouTube K1KA, каде што објавуваше клипови во кои секојдневно ја игра популарната „Minecraft“. Со оглед на тоа што таа беше една од ретките женски играчи кои тогаш уживаа во таа игра, за само десет дена собра повеќе од илјада претплатници. Нејзиниот канал стана еден од најбрзо растечките српски канали на YouTube. До декември оваа година, повеќе од 700.000 луѓе ја следеле.

Тиктокерот Лука Кривокапиќ на својот профил проговори за насилството што го претрпела починатата инфлуенсерка, осудувајќи ги сите оние кои грозно и грубо ја нападнале Кика додека била жива и потсети на навредите кои ги трпела од Бака Прасе и неговото исмевање во песна. Зборувајќи за човечката злоба, Кривокапиќ како акцент наведе дека, како што вели, „ретардираните продолжуваат да ја злоставуваат“, оставајќи морбидни пораки на нејзиниот профил и по нејзината смрт.

Експертите истакнуваат дека трагедијата на Кика открила „некробулинг“ – нов вид на насилство на социјалните мрежи, што го наметнува прашањето зошто децата го изгубиле сочувството кон мртвите. Она што сега може да се прочита под објавите на Кристина е страшно, пренесуваат српските медиуми.

Би можело да ве интересира

По четири часа Бака Прасе маскиран излезе од полициска станица

А1он

Српскиот јутјубер Бака Прасе приведен поради смртта на инфлуенсерката

А1он

Се самоуби српската инфлуенсерка која пред две години беше мета на понижувања од Бака Прасе

А1он