Се самоуби српската инфлуенсерка која пред две години беше мета на понижувања од Бака Прасе

Од:

Српската инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоуби, а за тоа јавноста ја извести нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ.

Кика Ѓукиќ беше српска гејмерка, јутјуберка и инфлуенсерка чиј канал на Јутјуб „К1КА“ во октомври 2019 година имаше околу 639 илјади претплатници.

„Со голема болка ве известувам дека мојата Кика почина вчера. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша нејзината мајка на Инстаграм.

Последното видео на инфлуенсерката е објавено на Јутјуб пред само неколку денови.

Иако уживаше голема популарност меѓу помладите корисници на Јутјуб и социјалните мрежи, пошироката јавност ја запозна Кристина Ѓукиќ за време на таканаречената „драма“ меѓу неа и јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.

Тој пред две години имаше објавено серија од видеа на неговиот Јутјуб канал кои беа посветени на навредување на инфлуенсерката. Во едно од неговите видеа тој ја навредува затоа што носела перика и според него ја лажирала својата болест.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

А1он

Починатата српска инфлуенсерка и понатаму мета на злоставување

Ана Ололовска

По четири часа Бака Прасе маскиран излезе од полициска станица

А1он

Српскиот јутјубер Бака Прасе приведен поради смртта на инфлуенсерката

А1он

Јутјуберот Бака Прасе доби кривична пријава за обљуба на малолетничка

Жарко Настоски