ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

Од:

Српскиот јутјубер познат како Бака Прасе, по самоубиството на јутјуберката за кое го обвинуваа, реши да го продаде своето Ферари и да купи стан во Амстердам, каде живеат неговите родители.

Во претходното обраќање на својот Јутјуб канал рече дека ќе се посвети на друга работа, бидејќи повеќе не заработува од Јутјуб, а сега во последното видео покажа како му помага на својот татко, кој е свештеник, во црквата.

Тој чисти и послушно прави се што неговиот татко му кажува да направи.

„Ја напуштив Србија, најверојатно трајно. Едноставно не можев да се справам со притисокот. Се преселив во Амстердам. Моментално сум во стан со мајка ми и тато. Го продадов своето Ферари, купив стан во Амстердам. Додека овде ми се средува станот, живеам со мајка ми и татко ми“, рече Бака и додаде:

„Не можев повеќе да се справам. Каде и да одам луѓето ме гледаат, кој знае што кој мисли поради се што се случи. На луѓето не им е гајле дали јас сум виновен или не за ништо, тие само сакаат да ме нападнат и обвинат. Не знам што ќе се случи понатаму. Немам план. Не знам дали ќе снимам за Јутјуб. Веќе не сакам да снимам, морам да почнам да се занимавам со некоја обична работа и да заработам овде, бидејќи живеењето овде е скапо. Нема да снимам за Јутјуб бидејќи ми одзема многу време, бидејќи ништо не заработувам затоа што веќе немам спонзори, немам заработка или монетизација, се ми е откажано“, изјави Богдан Илиќ во своето видео на Јутјуб.

Во Амстердам, со Бака Прасе е и неговата девојка, исто така инфлуенсерка.

Би можело да ве интересира

Пет земјотреси за два часа во Србија

ВИДЕО: Се уште трае потрагата по тројцата мажи кои исчезнаа во Дунав

Ана Ололовска

Пронајдени делови од чамецот и лични предмети на момчињата кои исчезнаа во Дунав

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Драма на Дунав: Се преврте чамец, тројца исчезнати

Ужасен случај во Србија: Мачеле, силувале и ограбиле 68-годишна жена

Протести во Белград: „Косово не го даваме“

Горан Наумовски