По четири часа Бака Прасе маскиран излезе од полициска станица

Од:

Богдан Илиќ или Бака Прасе беше ослободен нешто пред 21 часот од полициската станица каде даваше изјава за сите познати околности во врска со смртта на Кристина Ѓукиќ, која на социјалните мрежи го користеше прекарот „Кика“.

Тој полициската станица ја напушти криејќи го лицето со качулката од јакната и веднаш влезе во својот автомобил.

Специјалното обвинителство упати барање за прибирање на потребните информации до српското МВР за други околности кои се важни за утврдување на целосната фактичка состојба во врска со наведениот трагичен настан.

Младата девојка која се самоуби, долго била мета на сајбер булинг, откако Бака Прасе пред две години објави серија видеа во кои ја навредуваше.

Тој по нејзината смрт објави дека жали за настанот и дека поради почит кон починатата инфлуенсерка ќе ги отстрани видеата од неговиот Јутјуб канал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По смртта на јутјуберката, Бака Прасе остана без пари и чисти во Амстердам

А1он

Починатата српска инфлуенсерка и понатаму мета на злоставување

Ана Ололовска

Српскиот јутјубер Бака Прасе приведен поради смртта на инфлуенсерката

А1он

Се самоуби српската инфлуенсерка која пред две години беше мета на понижувања од Бака Прасе

А1он

Јутјуберот Бака Прасе доби кривична пријава за обљуба на малолетничка

Жарко Настоски