Се намалува бројот на заразени со Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани само 11 нови случаи на заразени со коронавирусот, бројка што е најмала во изминатите 35 дена, а во земјата, вкупно 2.235 лица се позитивни на Ковид-19.

Како што попладнево соопштија од Министерството за здравство на Грција, уште две лица го загубија животот, а од почетокот на епидемијата во Грција има 110 смртни случаи.

Приклучени на апарати се 67 лица, а 39 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Во Грција секојдновно се намалува бројот на регистрирани случаи на Ковид-19. Вчера беа соопштени 17 случаи, а завчера 15.

Од Министерството денеска соопштија дека во Грција, досега анализирани се 53.290 примероци. Со оглед на тоа дека заклучно со средата 15 април 2020 година беа анализирани 50.771 примероци, а вчера и завчера не беше соопштен бројот на направени тестови, од средата до денеска направени се 2.519 анализи.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески