Се излеа романската река Прут поплавувајќи над 600 фарми

Од:

По поројните дождови во Романија реката Прут се излеа од речното корито поплавувајќи над 600 фарми во округот Галац, јави БТА.

Поплавени се стотици хектари посеви, станбени и стопански згради. Најтешко погодено е селото Матка во северозападниот дел на округот Галац, каде врнежите не прекинаа два последователни дена.

Романските власти наредија итна проверка на состојбата на заштитните објекти и брани, како и дополнителна анализа на нивото на Дунав и на Прут.

Министерот за води, шуми и рибарство Луција Варга соопшти дека во романскиот дел на Дунав засега нема опасност од појава на поплави, поради што нема потреба од прогласување опасност од жолт код.

Би можело да ве интересира

Романец предизвикал сообраќајка, па се фрлил во каналот Дунав-Црно Море

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија