СБ на ОН денеска ќе расправа за Косово

Од:

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи дебата за ситуацијата на Косово, во чии рамки ќе биде разгледан најновиот извештај на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој оценил дека спроведувањето на Бриселскиот договор останува „најголем предизвик“.

Бан Ки-мун нагласи дека Белград ги продолжува разговорите со косовските Срби, кои се против договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, потпишан од премиерите на Србија и на косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи.

Тој ги повика властите во Белград и Приштина да ги зголемат напорите за решавање на судбината на 1.726 лица, кои се водат како исчезнати за време на конфликтот на Косово, како и за казнување на извршителите на воените злосторства.

На седницата на Советот ќе присуствува српска делегација предводена од министерот за надворешни работи Иван Мркиќ, кој ќе го информира СБ на ОН за напорите на српската Влада за имплементирањето на Бриселскиот договор.

– По потпишувањето на договорот со приштинските власти има некои толкувања кои се „творечки“, па дури и „фантазирачки“ и не одговараат на она што е потпишано. Ние ќе им укажеме на сите дека така не може да биде и дека секој мора да го почитува договореното, истакна шефот на српската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ