Самарас повикува на национално единство во борбата против нацизмот

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја повика на единство нацијата и политичките сили во борбата против нацизмот и за заштита на демократските вредности.

Во интервју за весникот „То Вима“ Самарас вели дека е одлучен да се спротивстави на криминалната активност на неонацистите од партијата „Златна зора“, чиј член неделава беше уапсен за убиство на лево-ориентиран музичар.

– Демократијата има средства да се спротивстави на предизвиците и ќе ги искористиме на најефикасен начен, вели Самарас.

Во меѓувреме, грчкиот министер за заштита на граѓаните Никос Дендиас во интервју за „Риал њуз“ рече дека преку ревизија на Уставот ќе може да биде разгледана можноста „Златна зора“ да се забрани.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески