Самарас: Грција повеќе нема да бара помош

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас  синоќа изјави дека неговата земја повеќе нема да бара помош од фондовите за спас и најави почеток на процесот за укинување на даноците што беа воведени како дел од мерките за штедење.

Во интревју за грчката телевизија Антена, Самарас нагласи дека економската состојба во Грција се стабилизира и дека на земјата повеќе не и е потребна меѓународна помош, по добиените 240 милијарди евра од еврозоната и Мешународниот монетарен фонд.

Самарас најави и дека во текот на оваа година Владата планира да почне со постепено укинување на дополнителните даноци, што беа воведени како дел од мерките за штедење, чие спроведување беше услов за добивање меѓународна помош.

Ваквите најави на Самарас доаѓаат во пресрет на изборите за членови на Европскиот парламент кон крајот на овој месец, за кои, според анкетите, се води мртва трка за победа меѓу неговата конзервативна партија Нова демократија и опозициската Коалиција на радикалната левица (Сириза).

Евентуална победа на Сириза и слаб резултат на помалиот партнер во владината коалиција, Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), би можело да го зголеми притисокот за оставка на Владата и за организирање предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески