„Сабах“: Паралелни структури шират лажни информации дека претседателот Тургут Озал бил отруен

Од:

Паралелна структура фабрикува лажни податоци со цел да фрли вина за смртта на осмиот турски претседател Тургут Озал врз одредени кругови и преку блиски медиуми објавува лажни информации за промовирање на тезата дека Озал е отруен, тврди весникот „Сабах“.

Тургут Озал почина на денешен ден пред 21 година, наведува весникот.

Турската Влада неодамна го оцени како паралелна структура движењето Хизмент на исламистичкиот лидер фетхулах Гулен.

Весникот „Сабах“ наведува дека уште пред да биде завршен извештајот од анализата на посмртните останки на претседателот Озал, весникот „Бугон“ објавил информации дека смртта на Тургут Озал била предизвикана од отров за глувци, а весникот „Заман“ објавил информации дека причина за смртта е труење со инсектициди. Сепак, според весникот такавите тврдења се демантирани од Институтот за судска медицина.

Во Турција подолго време постојат гласини дека Озал, кој почина од инфаркт на 65-годишна возраст во 1993 година како вршител на должноста претседател, бил отруен. Овие сомнежи се поддржани и од членови на неговото семејство. Посмртните останки на Озал беа ексхумирани на почетокот на октомври 2012 година за утврдување на причините за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски