Руски амбасадор во Белград тврди дека Русија не ја притиска Србија за санкциите

Од:

Рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко изјави дека секоја поддршка за Русија е важна, дури и од Србија, но дека за разлика од Западот, тие не вршеле притисок врз српските власти кога е донесена одлука за санкции против Русија поради инвазијата на Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Бидејќи санкциите нема да бидат наметнати, рускиот амбасадор додаде да очекува руско-српските билатерални односи да продолжат да се одвиваат нормално, вклучително и договорените цени на енергентите.

Тој кажа дека Русија е целосно подготвена да одговори на сите напади, но дека нема прва да употреби нуклеарно оружје.

-Не се точни толкувањата дека Русија се подготвува за нуклеарна војна, изјави Боцан-Харченко на ТВ Прва, нагласувајќи дека најважната задача на руската армија е цел да не бидат цивилните објекти во војната во Украина.

Запрашан да ги објасни снимките на која се гледаат како руски гранати гаѓаат цивилни објекти во Украина, тој кажа дека има многу лажни информации и дека се потпира на веродостојни податоци од руското Министерство за одбрана.

-Нацистичките единици ја користат секоја можност да стават тешко оружје во цивилни објекти, има снимки од нив дека се во дворовите, градинките. Прашувам зошто никој ништо не кажа за тоа, кажа амбасадорот.

Тој повтори дека целта на Русија не е окупација на Украина, туку „денацификација и демилитаризација“.

-Окупацијата не доаѓа предвид, тоа не е окупација. Сакаме да ја спречиме Украина да стане антируска, што е задача на Западот, оцени рускиот амбасадор во Белград.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста