Руска туристка загина, а петмина се повредени во несреќа во Турција

Од:

Руска туристка загина, а петмина руски државјани се повредени во несреќа во турскиот округ Анталија, јави ИТАР-ТАСС.

Рускиот конзул во Анталија Александар Толстоптенко изјави дека несреќата се случила изутринава околу 11 часот по локално време во реонот на туристичкиот град Сиде.

Возачот на автобусот, во кои патувале странски туристи, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превретел.

Повредените се пренесени во болница во Сиде. Причините за несреќата се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Околу 16.000 месари-аматери се повредени при ритуалното колење животни во Турција

Горан Наумовски

Се урна зграда во Истанбул, луѓе останаа заробени под урнатините

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он