Русин сопственик на првиот црногорски пасош во рамки на економско државјанство

Од:

Црна Гора го додели првиот пасош во рамките на проектот за економско државјанство на граѓанин на Русија, дознаваат подгорички „Вијести“.

Информацијата дека е доделен првиот пасош беше официјално потврдена од компанијата Хенли енд Партнерс, која е една од трите лиценцирани агенти за посредување во тој проект, но заради доверливост, не можеа да го откријат името на нивниот клиент и неговата матична земја.

Претставник на компанијата, со 30 канцеларии низ целиот свет, вели дека добиле барања за програмата за државјанство на Црна Гора преку инвестиции од сите континенти.

Владината тригодишна програма за стекнување економско државјанство преку инвестиции започна на 1 јануари минатата година, а преку нејзино спроведување ќе бидат доделени 2.000 пасоши.

Со годинашниот буџет беше планирано да се внесат 15 милиони евра во државната каса врз основа на реализација на тој проект, но во ребалансот на буџетот, тие приходи не беа проектирани поради тековната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора