Русија не сака да го признае Косово

Од:

Русија нема да го признае Косово изјави денес комесарот за човекови права, демократијата и владеење на правото при Министерството за надворешни работи, Константин Долгов, коментирајќи ја информацијата дека косовските власти одлучиле да воведат визен режим за државјани на 87 држави, вклучувајќи ја и Русија.

-Нашиот основен став не е променет, ние не признаваме независност на Косово-изјави Долгов.

Според неговите зборови, Русија продолжува строго да се придржува кон резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, бидејќи тој документ од 1999 година го одреди правниот статус на Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ