Русија ќе ја поддржи Србија во барањето ОН да се вклучат во истрагата за трговијата со органи на Косово

Од:

Москва ќе го поддржи Белград во барањето за вклучување на ОН во истрагата за трговијата со органи во Косово, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес конференција, на која даде отчет за сработеното во 2012 година, пренесоа руските медиуми.

-За жал, ние се додаваме на неконструктивната позиција на Европската унија, која ја узурпира истрагата. Таа бавно се движи и, според мене, дури и молчешкум се ограничува, рече Лавров.

Русија од сето тоа гледа дека Србија е главната измачувана страна од трговијата со органи, и ако таа пред Советот за безбедност на ОН го постави барањето светската организација да се вклучи во истрагата, Русија ќе ја поддржи, рече рускиот министер.

Специјалниот пратеник на Советот на Европа Дик Марти во 2010 година претстави извештај дека за време на конфликтот во Косово во 1999 година криминални кругови од поранешната Армија за ослободување на Косово ваделе органи на заробени Срби во нелегални клиники во Албанија и потоа ги продавале.

Истрагата за тврдењата во извештајот и беше доверена на специјална екипа на мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС), предводена од обвинителот Џон Клинт Вилјамсон.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста