Руси уапсени во Црна Гора поради веење руски знамиња

Од:

Полицијата во црногорскиот приморски град Будва уапси 20 државјани на Русија, поради „нарушување на јавниот ред“.

Како што објави подгоричкиот весник „Вијести“, Русите се приведени затоа што вчера со девет автомобили на кои биле развиорени руски знамиња кружеле низ улиците на Будва.

Тие изјавиле дека на тој начин сакале да го прослават Денот на победата над фашизмот.

Според црногорското законодавство, казната за истакнување или користење на знаме, грб или симболи на друга држава на јавно место предвидена е парична казна од 100 до 500 евра или до најмногу 30 дена затвор.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора