РТЦГ : Ештон во следната недела најверојатно во Црна Гора

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон можно е во следната недела да ја посети Подгорица по повод политичката криза предизвикана од резултатите од претседателските избори на 7 април, јави националната РТЦГ.

Според медиумите во таа држава, Ештон ќе се сретне со политичките лидери на државата, за да се разгледа ситуацијата по изборите на кои според првичните резултати победи со мала предност кандидатот на Демократската партија на социјалистите, Филип Вујановиќ.

Опозицискиот Демократски фрон не ги признава резултатите и тврди дека победник на изборите е нејзиниот кандидат Миодраг Лекиќ. Опозицијата ги повика граѓаните да излезат на улици и се заканија со блокирање на работата на парламентот додека не биде решено прашањето за претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора