РСЕ: Шоле ја одложи посетата на Косово поради семејни причини

Од:

Високиот советник на американскиоот Стејт департмент, Дерек Шоле ја одложи најавената посета на Косово поради „семејни причини“, дознава Радио Слободна Европа.

За денеска попладне беше најавена средба на Шоле и на специјалниот пратеник на мериканскиот претседател Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар со косовскиот државен врв, додека за утре претпладне и со претставници на политичките партии.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, од кабинетот на претседателката на државата, Вјоса Османи соопштија дека таа ќе го прими Ескобар денеска во 14.30 часот, додека во соопштение на Владата на Косово се наведува дека премиерот Албин Курти ќе го пречека американскиот емисар во 16.30 часот.

Посетата се случува во време кога ситуацијата на косовскиот север, населен со мнозинско српско население, стана прилично напната, откако локални Срби во саботата поставија барикади и ги блокираа патиштата кон граничните премини со Србија, Јариње и Брњак.

Во саботата и неделата во областа се случија неколку експлозии и пукотници од оружје, при што беа нападнати припадници на косовската полиција, но и патрола на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС. Во нападите е пријавен само еден полесно повреден полицаец.

Дејствијата на локалните Срби беа преземни откако полицијата на Косово го уапси поранешниот припадник на таа институција, Дејан Пантиќ, под сомнение дека организирал напади врз припадниците на изборните комисии во општините во северно Косово каде што требаше да се одржат вонредни избори, како и врз косовските полицајци.

Претседателката Османи во петокот објави дека изборите, кои требаше да се одржат на 18 декември, се одлагаат за 23 април идната година, пораи, како што рече, „нивото на ризик од инциденти“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски