Ротација на бугарскиот контингент во Авганистан

Од:

Во базата на бугарскиот контингент во авганистанскиот град Кандахар беше одржана церемонија за предавање на одговорностите од 33-от на 34-от бугарски воен контингент, кој учествуваше во мисијата на НАТО „Отворена поддршка” во Авганистан, соопшти бугарското Министерството за одбрана.

Во присуство на претседателот на Комисијата за ротација на контингентите, полковникот Никола Митев, началник на одделот „Операции“ во Заедничката командата на силите, беше извршено предавање на борбеното знаме од командирот на 33. контингент полковник Христо Атанасов на командирот на 34. полковник Светослав Халваџиев.

На церемонијата присуствуваа и командирот на Командата Југ, бригадниот генерал Чарлс Арис, заменик-командирот на Командата Југ полковник Тоби Магзит и началникот на штабот на Командата Југ, полковник Даниел Куик, како и претставници на коалициските партнери, со кои соработува командниот состав на бугарскиот контингент.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија